Категории

Погледнете ги срните кои живеат во Националниот парк Пелистер (ФОТО)

На задоволство на фејсбук публиката можат да се видат се повеќе фотографии од жителите на Националниот парк Пелистер, благодарение на новоинсталираните камери во паркот. 

Имено, во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“, наменет за мониторинг и заштита на кафеавата мечка (Ursus arctos), рисот (Lynx lynx) и волкот (Canis lupus) инсталиран е систем за мониторинг преку кој можат да се видат многу интересни фотографии. 

На својот фејсбук профил. Националниот парк кој годинава бележи 70 години од добивањето на статусот на заштитено подрачје, месецов се почесто објавува фотографии од своите жители. Најчесто тоа се срни, кои наоѓаат на воодушевување на публиката, но во паркот има уште многу други видови на животни. Очекуваме дека ќе видиме уште многу интересни фотографии, кои ги покажуваат животните во нивната природна средна, но за човекот се многу интересни.

Мониторнигот на крупни месојади во НП Пелистер, се врши преку камери поставени на 8 ноември годинава, а тим составен од експерти за мониторинг ангажирани од ЦеПроСАРД и ренџери вработени во паркот поставија 10 фото замки на повеќе локации на територијата на паркот.

Системот на мониторинг е дел од Програмата за подобување на управувањето со заштитените подрачја, средства кои ги обезбедило Министерството за животна средина и просторно планирање преку финансирање од Европската унија, а спроведено од УНДП.