Категории

Погледнете ја празничната магија во Белата куќа

Од јули, откако Меланија Трамп и нејзиниот 11 годишен син Барон се преселија во Белата куќа, првата дама започна да размислува за Божиќните празници.

Таа самата ја осмислила декорацијата и го одбрала секој детаљ во неа. Годинава темата е традицијата и секоја соба е омаж на американската традиција, вклучувајќи ја и галеријата од претходните претседатели.

За магичната атмосфера, придонесоа и ангажираните балерини на „The Nutcracker Suite“.

Меланија Трамп во бел фустан од „Диор“, во комбинација со златен ремен и златни салонки, ги дочека најмалите дечиња и се потруди да направи овој ден да им биде незаборавен.

 

Прегледи:
547
Објавено на:
28.11.2017