На едно истражување испитаниците детектирале дури 81% болни луѓе врз основа на нивните фотографии, обраќајки внимание на бледите усни и тен, сјајната и прошарана кожа, спуштените агли на устата и потечените или црвени очи.
Научниците ги интересирало кои се специфичните обележја кои им помогнале на испитаниците да одредат дали се луѓето на фотографијата болни или здрави. Во вториот круг од истражувањето се фокусирале на визуелните симптоми.
Тоа вклучувало бледи усни и тен, сјајна или прошарана кожа, спуштени агли на устата и потечени или црвени очи. Со исклучок на сјајната и прошарана кожа, сите испитаници ги навеле останатите фактори како доказ за препознавање на болни луѓе преку фотографии.
Стручњаците од еден британски магазин предупредиле дека потпирањето врз визуелни анализи може да биде погрешно. Тажните и уморни личности многу лесно можат да бидат заменети со болни. Тој феномен е во согласност со друга студија која вели дека во друштво честопати се избегнуваат уморни луѓе.