Категории

Погледнете како изгледааат поканите за свадбата на Принцот Хари и Меган Маркл

Британскиот принц Хари (33) и Меган Маркл (36) испратија покани за нивната венчавка на избраните гости. Од нив 600 ќе добијат покани за свадбена церемонија во капелата на Свети Ѓорѓи, по што следи свечен ручек во салата и во дворецот Виндзор. Вечерта на свадбата ќе има околу 200 луѓе.

Поканите се прилично класични, а младата двојка која постојано ги раскинува кралските правила веројатно немаше премногу избор – бидејќи кралицата Елизабета II плаќа сè.

Во согласност со традицијата, на свадбата не покануваат младенците, туку постар член на семејството, во овој случај принцот Чарлс. Неговиот личен грб е на секоја покана. На свадбата на Вилијам и Кејт гостите ги покануваше кралицата Елизабета Втора.

Поканата вклучува и строг кодекс на облекување. Мажите се поканети да дојдат во воени униформи, како што се појавува Хари, може да имаат и шапка, додека жените треба да дојдат во ,,дневен фустан” и да имаат шапка.

Инаку, поканите беа отпечатени во печатарската компанија ,,Барнард и Вествуд”, во која од 1985-та година се печатат покани од кралското семејство, а се изработуваат на машина која датира од 1930-та година.

Прегледи:
544
Објавено на:
23.03.2018