Категории

Погребот на Џорџ Флојд полн со повици за расна правда

Џорџ Флојд беше убиен на 25 мај од страна на полициски службеник. Неговата смрт поттикна милиони луѓе да излезат на протести против полициска бруталност кон црнците и за расна правда и еднаквост. Вчера тој беше погребан.

Внуката на Џорџ Флојд порача дека тоа не било само убиство, туку криминал од омраза.

“Зошто овај систем мора да биде корумпиран и искршен?” праша таа. “Законите веќе постоеја за Афричкоамериканците да не успеваат. И овие закони мора да се променат. Ве молам, нека нема повеќе криминали од омраза! Некој рече „Направете ја Америка пак одлична“, но кога била Америка одлична?”.

Џо Бајден преку видео порака кажа: „Кога ќе има правда за Џорџ Флојд, тогаш навистина ќе бидеме на добар пат кон расна правда во Америка“.

Ал Грин, џлен на конгресот од Демократската партија на Америка, рече: „Неговиот криминал беше што се роди црн“.

Во Минесота, гувернерот Тим Валц ги повика луѓето да му оддадат чест на Џорџ Флојд во тишина од 8 минути и 46 секунди – времето во кое тој беше задушуван и задржан на земјата, пред да почине.

 

Прегледи:
619
Објавено на:
10.06.2020