Категории

Појадок во чаша што го освои светот: Рецепт за вкусен смути со овесни снегулки

Појадок од овесни снегулки и овошје – оваа каша / смути мора да ја пробате!

Ви откриваме еден од најдобрите оброци што можете да го јадете наутро.

Не станува збор за обичен смути, туку за рецепт кој е прилагоден за прв оброк во денот, кој ќе ве држи сити до ручек, а папатно ќе ги задоволи сите респиратори на вкус, дури и на најголемите гурмани!

Состојките се многу здрави, а нивната комбинација дава чинија полна со растителни влакна, антиоксиданти и енергија.

 

Состојки:

  • 2 лажици овесни снегулки
  • 1 црвено јаболко (излупено и исечено на коцки )
  • 1 банана
  • 1/4 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка мелено морско оревче
  • 150 мл млеко

 

Подготовка:

Истурете ги житарките и овошјето во блендер и убаво изблендирајте. Потоа додадете ги зачините и млекото па повторно изблендирајте додека смесата не се изедначи. Изладете го во ладилник неколку минути пред да го консумирате.

Напијте се и уживајте во феноменалниот вкус!

Прегледи:
2361
Објавено на:
09.12.2019