Категории

Полнети урми со чоколада: најздравиот десерт на светот! (РЕЦЕПТ)

Уживајте во волшебниот вкус

Состојки:

  • 100 гр. урми
  • 100 гр. чоколадо
  • 50 мл. масло
  • 50 гр. ореви

 

Подготовка:

Отстранете ги семките од урмите и наполнете ги со ореви. Растопете го чоколадото, додајте го маслото и измешајте.

Истурете ја растопената чоколада во помал сад или чаша, а потоа секоја урма потопете ја во чоколадото и оставете ја на решетка да се исцеди малку.

Оставете ги на ладно место за чоколадото да се стегне, па уживајте во здравиот десерт!

Прегледи:
3550
Објавено на:
29.01.2020