Категории

„Понекогаш она што му дава смисла на сè е неоткажувањето. Вербата дека сè ќе биде многу убаво еден ден“ – Кукла од Памук

„Ти се смееш како да ја знаеш мојата душа, како да пееш песни за неа,
ми се доближуваш тивко на прсти, ме галиш по вратот со врвот на дланките
како да се збогуваш..
Знам тивко венееш, но не се откажуваш.
Зарем љубовта треба да биде таква?
Не знам, не сум се заљубил но го љубам начинот на кој ме љубиш ти.
Ме гледаш како преплашена срна, како да ќе испарам, ќе изгнијам
ако го изустиш она што јазикот ти го гребе.
Ги стегаш усните да не заплачеш а јас те расплакав многу повеќе,
но ти ми велиш дека сите девојки плачат тие се вљубени во горките солзи
а момчињата кои молчат секогаш биле многу добри во тоа.
Чекорам по овој пат од барут и оган но не помислувам да се вратам..
Можеби се што правам е погрешно, но можеби и е’ вистинско..
Не знам за љубовта, треба ли да боли?
Треба ли да биде чудна?
Несфатлива?
Како ли ќе знаеме?
Можеби понекогаш она што му дава смисла на се’ е неоткажувањето..
Вербата, дека се ќе биде многу убаво еден ден.“

 

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
505
Објавено на:
15.06.2020