Категории

Популарни заблуди за осаменоста кои се невистинити

Можеби сте чуле дека во светот владее „епидемија на осаменост“ или дека „осаменоста убива подеднакво како гојазноста и пушењето“ или „како корона“. Во овие тврдења има вистина или се работи само за популарни заблуди?

Осаменоста е секако проблем особено во овој миг кога луѓето мораат да го ограничат гледањето со другите поради пандемијата на коронавирус но тоа не значи дека сите нешта кои се зборуваат за неа се точни. Од таа причина Psychology Today разбива пет најчести митови за осаменоста.

1. Во светот владее епидемија на осаменост без преседан
Не постојат никакви докази за ова тврдење. Можеби луѓето се осамени денес повеќе од во раните епохи, но можеби и не се. Психолозите немаат добри податоци за човечката осаменост од минатото а ни во сегашноста за да би ја поткрепиле оваа теза.

2. Младите и старите луѓе најчесто чувствуваат осаменост
Некои научни истражувања откриваат дека ова е навистина точно, додека други не пронашле врска помеѓу осаменоста и старосната доба. Што и да е случај, треба да се фокусираме и на други фактори кои влијаат на појавата на осаменост како што се друштвената исклученост, дискриминацијата, економските проблеми и географската изолираност.

3. Осамените личности би требало почесто да излегуваат меѓу луѓе
И да и не. На некои сигурно би им се случило да комуницираат со другите и на тој начин да се излечат од својата осаменост додека на другите излегувањето меѓу луѓе само би им причинило стрес, особено ако се осамени поради неразбирање со личности од своето опкружување.

4. Осаменоста е најлошо нешто кое може да го знајде некого
Не е пријатно да се чувствува самаотија, но не е ни крај на светот, особено кога така се чувствуваме само во ретки прилики. Животто на еден човек е полн со подеми и падови а осаменоста секако не е на врвот на лошите нешта кои можат да ни се случат.

5. Социјалните мрежи се најчеста причина за „епидемија на осаменоста“
Навистина звучи парадоксално друштвените мрежи да влијаат на растот на осаменост во светот, кога тие пред се се користат за комуницирање со другите луѓе но тоа не спречува многу да ја изнесат оваа теза. Реалната вистина е дека социјалните мрежи продлабочуваат многу пријателства и овозможуваат на луѓет да останат во контакт со пријателите и роднините кои не живеат во нивниот град но и да запознаат нови луѓе со слични интереси.

Прегледи:
595
Објавено на:
11.12.2020