Дали ноќе се превртувате во креветот затоа што не можете да заспиете? Навечер сте долго будни додека вашиот партнер заспива во истиот момент кога главата ќе ја допре на перницата?
Истражувачите од Канада можеби ја открија вистинската причината. Според резултатите од нивните истражувања, тие откриле дека циркадијскиот часовник на жената е два часа понапред од оној на мажот. Циркадијскиот часовник ги контролира нашите навики за спиење и нè тера да се умориме навечер и да се разбудиме наутро. Канадските научници следеле група од 25 мажи и жени 72 часа и забележале како работи нивниот циркадијски часовник. Половина од анкетираните жени имале повеќе проблеми со спиењето отколку мажите. За да се добие престава за нивните природни циклуси на спиење, мажите и жените биле тестирани во лабораторија за спиење три дена и три ноќи. Мажите и жените биле држани будни еден час, а потоа оставени да спијат. Потоа го мереле нивото на будност и нивниот циркадијски ритам со мерење на телесната температура на телото и нивото на хормоните на мелатонин – индикатори за колку сте поспани. Конечните резултати покажале дека жените имаат циркадијски ритам помеѓу 1,7 и 2,3 часа пред мажите. Токму ова е причината зошто некои жени страдаат од тешка несоница и / или немирен сон, особено кога се обидуваат да ги следат навиките за спиење на партнерот. Лекција? Легнете во кревет порано, иако и сами.