Единственото нешто што луѓето не можат да си го простат е фактот дека сте успеале и без нив. Марина Цветаева била руски поет, која што најчесто пишувала за емоциите, љубовта и женската сексуалност. Таа ги пишувала своите песни во моментите кога имала најмногу чувства, барајќи копнеж и романтично сонување. Затоа, во секој нејзин стих, се чувствуваат длабоки емоции на љубов и осаменост.
Ги избравме најубавите и најинспиративните цитати на Марина Цветаева – за љубовта, човечката душа и осаменоста:
1. Им благодарам на сите оние кои ме сакаа, бидејќи ме научија да ги сакам другите. Им благодарам и на оние што не ме сакаа, бидејќи ме научија како да се сакам себеси.
2. Само најблиските најмногу можат да те повредат.
3. Секој оној којшто се смее на туѓата несреќа не е ниту будала ниту глуп, туку и едното и другото.
4. “Ќе те сакам цело лето” – звучи поубедливо од “целиот живот”, и што е најважно – многу подолго!
5. Што ме боли сега? – Не е ни заб, ниту глава, ниту стомак. Мора да е душата.
6. Сонувајте заедно, спијте заедно, но секогаш плачете сами.
7. Гревот не се раѓа во темнина, туку во ненадејната светлината.
8. Љубовта значи да ја сакаш личноста како што ја створила Бог, а не како нејзините родители ја воспитале.
9. Сакам толку скромна, моќна, но и едноставна работа – кога некој ќе ме погледне да стане среќен.
10. Единственото нешто што луѓето не можат да си го простат е фактот дека сте успеале и без нив.