Категории

Последици од оргазмот – Три неверојатни работи кои можат да ви се случат по сексот

По сексот може да се случи да доживеете целосна, но пролазна амнезија, односно ретка состојба во која памтењето оддеднаш и за кратко време може да се изгуби.

Мирисот

Кога ќе го достигнете врвот, вашето тело ослободува хормон кој се вика пролактин, а кој предизвикува развивање на нови неурони и чуство на мирис.

Студијата која е извршена во списанието Билогикал Психологија, ги анализираше новите пролактини кај мажите и жените по мастурбирањето или сексот, а резултатите покажале дека на тоа ниво се зголемува по сексот, за неверојатни 400 проценти во однос на масутбацијата.

Меланхолија

Воглавно по сексот чувствувате еуфорија, опуштеност, дури и поспаност, но некои жени имаат постесекс блус“ синдром, открива истражувањето објавено во стручното списание Journal of Sexual Medicine. Научниците оваа состојба ја опишуваат како меланхолија, депресија, анксиозност, или агресија по сексот.

Експертите замолиле 230 студентки да исполнат анкета, која покажала дека дури 46% од жените барем еднаш во животот ги почувствувале пост-секс меланхолијата, а повеќе од 5% жените овие симптоми ги искусија во последните месец дена.

Амнезија

The Journal of Emergency Medicine откри исповед на една жена која се појави во болница на Georgetown University, жалејќи се дека не може да се сети на детали кои се случиле во последните саат време, откривајќи дека амнезијата се појавила веднаш по сексот со мажот.

Таа ја искусила пролазната општа амнезија, ретка состојба во која памтењето оддеднаш и на кратко време целосно се губи. Оваа состојба баш ретко се случува и ги погодува само три до пет проценти од 100.000 луѓе секоја година.

Прегледи:
469
Објавено на:
21.03.2016