Категории

Постои апликација која ќе ви помогне да го преболите поранешното момче

Break-Up Boss е одлична апликација која во неколку чекори ќе ви помогне да го преболите поранешниот партнер.

Оваа генијална апликација наречена Break-Up Boss е лансирана пред речиси една година. Смислена е од страна на експертот за врски и раскинувања Zoë Foster Blake, која одлучила да им застане на патот на „пијаните“ пораки и повици, размачканата маскара по неконтролираното плачење и општото незадоволство кое го чувствуваме по прекинувањето на врската.

„Пишувам за односите веќе цела деценија, а поголемиот дел од луѓето кои мене ми пишуваат се наоѓаат во период на прекинување на врската. Сепак, во врска со таа тема не постои ништо едноставно и јасно, а јас мислев дека треба да постои“, вели Foster Blake.

Со помош на нејзината апликација можете полесно да ги артикулирате своите чувства, да пронајдете совети кои ќе ве расположат, а ако дојдете во искушение да му испратите на поранешниот порака, можете тоа да го направите во апликацијата која ќе ве смири и ќе ви порача дека тоа не е она што треба да го направите.

Прегледи:
520
Објавено на:
04.01.2019