Категории

Потеклото на обичајот на истурање вода позади некого за среќа

Според верувањето на Турците, истурањето вода после личноста која заминува на пат или да заврши некоја работа, донесува среќа, и се прави со цел патувањето или работата да заврши лесно односно да „потече“ како вода.

Се практикува при заминување на училиште, испит, разговор за добивање работа, заминување во војска и слично. Еден од најстарите ритуали за повикување на среќата која нашата традиција ја познава.

Етнолозите сметаат дека полиената вода односно водата која тече симболизира движење, леснотија во движењето, да не застанува да не запира, и истурањето вода прави некому работата да му помине лесно.

Во прилог на ова тврдење етнолозите истакнуваат дека постојат различни мислења во некои краеви.
Според самиот чин истурањето вода би требало да значи „Нека оди чисто и бистро како вода“.

Прегледи:
1420
Објавено на:
31.10.2020