Категории

Потенцијални причини за изретчување на косата и како да се справите

На многу луѓе им се случува наеднаш да забележат дека косата им е проретчена, или дека на некои места загубиле коса. Не грижете се ако сте еден/една од нив, бидејќи овој проблем е чест, но и, за среќа, лесно решлив.

Но, најпрво мора да ги лоцирате причините за изретчувањето на косата. Погледнете кои се најчестите причини за паѓање или изретчување на косата:

1. Стрес

Стресот е водечки фактор за проретчување на косата. Анксиозноста и другите стресни растројства во голема мера влијаат врз тоа колку фолекулите ќе создадат нови влакна. Доколку стресна ситуација се јави во момент кога фолекулите се во телоген фаза – односно, фаза на одмор од раст – тој период нема да никнуваат нови влакна и ќе се проретчи косата.

2. Бременост

Многу жени приметуваат губење на коса по бременоста. Тоа се случува поради драстично намалување на нивоата на естроген директно по бременоста.

3. Алопеција поради триење

Алопеција која не е генетска, туку е предизвикана од надворешни фактори, најчесто е резултат на триење. Тоа значи дека ѝ правите фризури на косата, кои ја тегнат премногу и резултираат со нејзино проретчување.

4. Лекарства

Одредени видови на лекарства влијаат врз опаѓањето на косата, на пример, бета блокатори, антидепресиви и лекови за намалување на холестеролот.

5. Недостаток на хранливи материи

Она што на народен јазик го викаме „ослабната крв“, е многу чест предизвикувач на опаѓање на косата. Особено ако неодамна сте држеле диета која ве ограничува со протеини, тоа најчесто носи до недостаток на железо, и последователно, опаѓање на косата.

Што понатаму?

За среќа, сите овие процеси се повратни, односно, косата во најчестите случаи ќе почне да расте повторно за неколку месеци, или една година. Постојат повеќе начини да се стимулира побрзо растење на косата. Најефикасните се:

  • Масажи на скалпот, со цел да се подобри циркулацијата
  • Подобрување на исхраната
  • Одбегнување на носење тешки фризури
  • Добар шампон

Најважниот чекор е изборот на вистински шампон. Наш избор е озонираниот шампон на Ozone gold, збогатен со арган и кератин. Особено е ефикасен при проблеми со косата (иритации и егземи) и нејзино опаѓање и не содржи SLS-SLES, сол или парабен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OZONE GOLD Macedonia (@ozonegold.mk) on

Палетата на производи на Озон голд комплетно се грижи за вашето здраве и убавина, нудејќи производи за здравје, но и за нега на  целото тело. Нивните производи може да ги погледнете на следниов линк