Категории

ПОТВРДА НА ВИСТИНСКАТА ВЕРА: ЕВЕ ЗОШТО БЛАГОДАТНИОТ ОГАН СЕ ПОЈАВУВА САМО НА ПРАВОСЛАВНИТЕ

Веќе две илјади години православните христијани го пречекуваат својот најголем празник – Воскресение Христово (Пасха) во храмот на Господовиот Гроб во Ерусалим. Секој пат сите кои на Пасха биле внатре во храмот или блиску до него, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот оган (Светлина). Интересно е тоа што во оние години кога Велигден сите христијански верници го празнуваат во ист ден, а со самото тоа и припадници на различните христијански вери се во храмот Христово Вскресение благодатниот оган се симнува само на православните патријарси.

Старец Клеопа за благодатниот оган

Во 1104 година во времето на цар Исак кога е создадено латинското царство, во кое се наоѓаше и Христовиот гроб се случи чудо.

За време на крстоносните војни кои ги водела Западна, односно католичка Европа, крстоносците успеале да го ослободат Христовиот гроб од муслиманите. Тогаш католиците ќе изјават ние го ослободивме Христовиот гроб од муслиманите и сега е тој наш.

Католиците во тоа време изградиле многу верски објекти околу гробот и манастири во Ерусалим, и сето тоа во Христово име додека Православните биле тргнати настрана. Како што се приближувал Велигден се повеќе луѓе, а најмногу Католици доаѓале да го видат чудото на Благодатниот оган.

Православниот патријарх и сите свештеници биле тргнати од Гробот и биле однесени во манастирот на Св. Сава осветен и таму биле затворени!

„Тука останете и служите вие правосланите нема што да барате на Господовиот гроб“ им рекле тогаш католички власти.

Папата опкружен со кардинали и свештеници започнал да држи миса. За време на миста немало никаков знак дека ќе се појави влагодатниот оган.

Царот кој бил присутен на службата изјавил, „Јас бев и минатата година и тогаш Благодатниот оган слезе на православните. Зошто сега не се појавува и кај вас.

Иако служеле до сабајле од оганот немало никаков знак. Тогаш царот наредил да го донесат православниот паатријарх.

Одете донесете го православниот патријарх, јас сакам да го видам благодатниот оган и вистината, сепак е Велигден и Христос воскресна.

Откако патријархот Јоаким пристигна кај царот тој го запрашал зошто сеуште не се симнал благодетниот оган, а патријархот му одговорил дека тој не знае тоа е „Божја воља“.

На православниот патрјарх му било наредено да служи. Тој ја облекол својата одежда и ја започнал велигденската служба. Само што ја започнал службата Благодатниот оган се симнал и ги запалил кандилата.

„ Дури и да опстане Латинското царство на Господовиот гроб нека остане православното свештенство и православниот народ бидејќи само врз нив слегува благодатниот оган, изјавил тогаш царот.

Затоа кога чуете некој секташ да вели дека не верува во црквата одведете го во Ерусалим да го види чудото на Благодатниот оган кој се појавува на Велигден. Огнот не се појвува кај секташите, ниту кај католиците, ниту кај било кој друг туку само кај православните Амин.

 Историја

Воскресението Христово – Пасха, пред кое се случува слегувањето на Благодатниот оган, е најголемото случување за христијаните, знак на победата на Спасителот над гревот и смртта и почеток на еден нов свет, искупен и осветен од Господ Исус Христос.

Веќе две илјади години православните христијани го пречекуваат својот најголем празник – Воскресение Христово (Пасха) во храмот на Господовиот Гроб во Ерусалим. Секој пат сите кои на Пасха биле внатре во храмот или блиску до него, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот оган (Светлина).

Благодатниот оган се појавува во храмот од пред две илјади години. Најраните сведоштва за слегувањето на Благодатниот оган во навечерието на Воскресението Христово го наоѓаме кај свети Григориј Ниски, Евсевиј и Силвиј Аквитански (4 век). Кај нив се опишани и поранешните слегувања на Благодатниот оган. Според сведоштвото на апостолите и светите отци, несоздадената Светлина го осветлила Господовиот Гроб набргу пред Воскресението, и тоа го видел апостолот Петар: „Петар виде не само со телесните очи, но и со возвишениот апостолски ум дека Гробот е исполнет со светлина, иако беше ноќ“ читаме кај свети Григориј Ниски. „Петар застана пред Гробот и се ужасна гледајќи светлина во него“, пишува свети Јован Дамаскин.

Евсевиј Памфил раскажува во својата „Црковна историја“ дека кога веќе немало масло во кандилата, патријархот Харкис (3 век) благословил да налеат во нив вода од Силоамската бања. Слезениот оган од небото ги запалил кандилата и тие гореле за време на целата пасхална служба.

Латинскиот монах Бернард (865 г.) пишува во својот патепис: „На Света Сабота, кога е навечерието на Пасха, службата започнува рано и после отслужувањето се пее Господи помилуј до моментот, кога слегува Ангелот и се запалуваат кандилата, кои висат над Гробот“.

Церемонијата

Литанијата (црковната церемонија) на Светиот оган започнува приближно 24 часа пред почетокот на Православната Пасха, која, како што е познато е подвижен празник. Во храмот на Господовиот Гроб се собираат поклоници, кои сакаат со свои очи да го видат слегувањето на Благодатниот оган. Меѓу присутните има многу инославни христијани, муслимани, атеисти. Церемонијата е следена од еврејската полиција. Во самиот храм се собираат до 10 илјади луѓе, целиот плоштад пред него и галериите на околните згради се исполнети со народ.

„Вечерта во храмот веќе сите свеќи и кандила се изгаснати. Во почетокот на 20 век турските власти правеле најсторг претрес во параклисот; некои велат дека дури се претресувале и џебовите на митрополитот што служи…“

Во средината на одајата на Живоносниот Гроб се става кандило, наполнето со масло, но не запалено. По целата одаја се расфрлаат парченца памук. Така приготвена, после проверката на турските заптии, а денес на израелската полиција, Кукувлијата (Параклисот на Господовиот Гроб) се заклучува и се запечатува од градскиот клучар – муслиман.

„И ете изутрината на Велика Сабота, во 9 часот по локално време, почнуваат да се појавуваат првите признаци на Божествената сила: се слушаат првите грмотевици, а надвор е ведро и сончево. Тоа трае околу 3 часа (до 12 часот). Храмот започнува да се озарува со зраци светлина. Малку на едно, малку на друго место започнуваат да блескаат небесни зраци, кои го предвестуваат слегувањето на Небесниот оган“, пишува еден од очевидците.

„Во два и пол удираат камбаните во Патријаршијата и оттаму започнува литијата. Во долга редица влегува во храмот грчкото духовништво, по кое оди Неговото Блаженство Патријархот. Тој е во полно одејание, со митра и панагии. Духовништвото го одминува со бавни чекори „каменот на Миропомазанието“, врви кон подиумот, кој ги спојува Кукувлијата и храмот, и поминувајќи го тесниот простор меѓу двете редици вооружени Турци, едвај задржувајќи се од притисокот на толпата, заминува во големиот олтар на храмот“, раскажува еден поклоник од турско време.

1 2

Прегледи:
971
Објавено на:
02.05.2016