Категории

Потврдено е: Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајките

Новите истражувања направени од страна на научници во една лабораторија во Глазгов, Шкотска, посочуваат дека децата најголем дел од нивната интелигенција ја наследуваат од своите мајки, од кои впрочем ги добиваат тие гени.

Иако досега се веруваше дека интелигенцијата најчесто е наследена подеднакво од двајцата родители, овие последни истражувања го докажуваат спротивното.

Гените за интелигенција се лоцирани во хромозомот X, па со оглед на тоа што жените имаат два, научниците посочуваат дека веројатноста децата да ја наследат интелигенцијата од мајката е двојно поголема.

Дури иако добиете дел од гените за интелигенција на вашиот татко, шансите дека истите нема да влијаат на вашиот мозок се многу големи.

potvrdeno-e-decata-ja-nasleduvaat-inteligencijata-od-majkite-237643

„Во голем дел од случаите, гените за интелигенција наследени од таткото се отфрлаат, и повторно најзначајни се оние од мајките. Сосема спротивно на ова, голем дел од гените децата наследуваат единствено од татковците“, објаснуваат научниците во истражувањето.

Назад во 1994 – тата година, Медицинскиот истражувачки совет на САД направи истражување врз неколку мајки и испита дури 12.686 млади луѓе на возраст помеѓу 14 и 22 години.

potvrdeno-e-decata-ja-nasleduvaat-inteligencijata-od-majkite-237644

Нивните прашања и истражувања беа поврзани со интелигенцијата на децата, нивното образование и социјално – економскиот статус.

Речиси кај сите деца што биле дел од истражувањето, се покажало дека најдобриот показател за нивото на нивната интелигенција е токму нивото на интелигенција на нивните мајки.

Прегледи:
725
Објавено на:
15.09.2016