Категории

Поучна приказна: Внимавајте со кого градите кули од песок

Рабинот ги гледаше децата како градат песочна кула на брегот. Кога ја завршија својата кула, за која потрошија многу време и трпеливост, дојде бран и во еден момент се спушти на земја. Децата се држеа за раце и почнаа да се смеат. Не по долго, тие започнаа да градат нова кула.

 

Рабинот рече: „Научив важна лекција од децата! Ние трошиме многу време и многу енергија на многу работи во нашите животи, несвесно дека всушност градиме кули од песок. Порано или подоцна, бран ќе дојде и ќе го одземе она што ние го изградивме со толку многу труд. А, кога тоа ќе се случи, само оние кои ќе се држат за рака со некого ќе можат да се смеат“.

Прегледи:
1117
Објавено на:
13.03.2021