Категории

Познати уверувања за неверството кои се тотално погрешни

Најчестите заблуди околу неверството во кои многумина веруваат но се всушност неточни

Веруваме во стереотипи, кои можеби сме ги „наследиле“ од семејството, кои се надминати, но веруваме и во тоа што ни е полесно да веруваме. Кога ќе се соочиме со неверство, бараме причина, затоа што ни е најтешко да поверуваме дека неверството може да се случи и без некоја голема причина и за него едноставно нема оправдување.

ВО НЕВЕРСТВО СЕ ВПУШТААТ САМО ОНИЕ КОИ СЕ НЕСРЕЌНИ ВО БРАКОТ ИЛИ ВРСКАТА
Тоа е сосема прифатливо оправдување, но воедно тоа е и префрлување на вината на партнерот – партнерот е причината за несреќата, што значи „дозволено“ е да се побара среќа на друга страна. Но најчесто тоа не е вистина, особено во машкиот свет. Многу мажи кои ги сакаат своите партнерки и имаат одличен сексуален однос со нив, не пропуштаат шанса да „пробаат нешто настрана“, додека кај голем број од жените кои изневеруваат, како причина го наведуваат незадоволството во партнерскиот однос. Изневерувањето не се случува само во кризни моменти во врската, може да се случи и во стекнати околности – шанси и заинтересирана личност.

МАЖИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ ПРЕЉУБНИЦИ
Овој стереотип веќе долго има основа во реалноста, но во ново време трендот на женската прељуба расте и се „заканува“ да го достигне машкиот процент. Жените во најново време полесно се одлучуваат за прељуба, за да искусат нешто ново и да си потврдат нешто на себеси, но и поради тоа што сакаат да ги „казнат“ партнерите кои ги занемаруваат.

ВО ПРАШАЊЕ Е САМО СЕКС
Ако ви е полесно да мислите така, затоа што сте изневерени, тоа е во ред. Но ако и самите сте изневериле, тогаш добро знаете дека тоа не е вистина. Иако мажите воглавно тврдат дека изневеруваат поради сексот, ни тие не се имуни на емоционалното вплеткување. Чувствата кои не можат да ги изразат и споделат со партнерката, мораат некаде да ги канализираат, па ако некоја жена покаже разбирање и е подготвена да ги теши, тогаш тие ќе ја прифатат утехата – на сите нивоа.

ИЗНЕВЕРУВАЊЕ ОСТАНУВА НА НИВО НА СЕКС
Понекогаш, но најчесто не. Па дури и кога е само на ниво на секс, двата личности кои се интимни на тој начин постигнуваат и друга врста на блискост, ако тој однос трае веќе некое време. Најчесто се случува „само еднаш“ изневерувањето, кое останува и на тоа, никогаш да не се открие, затоа што било само на телесно ниво. Кога е во прашање паралелна врска, тогаш прељубата се одвива на повеќе нивоа – прељубникот изневерува и регуларниот и тајниот партнер и понекогаш ваквите односи траат со години и ретко се завршуваат така што прељубникот ќе го „одбере“ тајниот партнер.

АКО ВЕ САКА НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРИ
И ако ве изневерува, значи – не ве сака. Не нити тоа толку едноставно. Некој може да го сака своот партнер а сепак да се впушта во афери, не само затоа што во тоа пронаоѓа авантуристичко и сексуално задоволство (или и едно и друго), туку и затоа што тоа го смета за свое право на приватност и слобода, или на тој начин си докажува на себеси дека може да „прави што сака“. Таков „конфликт на љубов“ имаат личности кои ја доживуваат љубовта како чувство и не се во состојба да го исполнат другиот дел, кој се однесува на одлуките, пожртвуваноста, истрајноста, почитувањето на сопствениото избор..

 

Прегледи:
722
Објавено на:
12.06.2020