Стилистот Ursula Goff ја бои косата до совршеноство, инспирирана од познати слики!
Серијата на Golf црпи инспирација од уметничката историја и ја нарекува Fine Art Series. Талентираната стилистка со боја за коса ги доловува познатите слики како „Вресок“ на Мунх, „Бакнежот“ на Климт и поп арт делата на Енди Вархол.
„Сфатив дека теоријата за текстури и боја за фарбањето е речиси идентична како сликањето и започнав да го применувам тоа што го знаев како уметник во мојата работа како стилист. Тоа е мојата генерална стратегија последниве 13 години (скоро 20 доколку го вклучам периодот кога експериментирав со боја за коса пред козметичкото шоколо) и неодамна ми дојде идеја да започнам со пресликување на сликите кои ми се вртат во глава, на коса, усогласувајќи ги палетите и текстурите.“ вели таа.