Категории

Правила кои ќе го променат вашиот карактер

Ова се правилата во животот кои доколку ги следите можат да го променат вашиот карактер.

1. Позитивен поглед

Не си дозволувај себеси да мислиш негативно. Секогаш и секаде мисли позитивно. Буди се секое утро со позитивни мисли. Тие со создаваат твојот ден. Ако ти прерасне ова во навика, тоа ќе го промени твојот живот.

2. Никогаш не учи никого – само учи.

​Те молам не паѓај во искушение да учиш некого во животот. Не мисли дека знаеш повеќе, дека повеќе се разбираш во нешто. Можеш само да бидеш пример, но не и учител. Нека твоите постапки предизвикуваат желба кај другите да дојдат кај тебе и да те запрашаат како си дошол до тоа, како ти успеало, каде си го научил тоа. Биди пример, а не учител.

3. Отвори го своето срце

Секогаш разговарај со странци. Тие ќе те научат нешто. А ти ќе го отвориш своето срце. Запознај се со соседот во авионот, прашај како да стигнеш до продавницата. Комуницирај шпвеќе и почесто.
4. Ти можеш и ќе го направиш тоа.
Никогаш не вели дека не можеш да го направиш тоа. Ти можеш сѐ. Не си поставувај бариери. Само делувај.
5. Човек + желба = човек. Човек – желба = бог
Желбата е опасен збор. Обиди се да ја примениш мудро. Не биди материјалист. Запомни дека само своите навики можеш да ги земеш со себе во следниот живот. Колку е помала желбата, толку си поблиску до Бога. Ако успееш потполно да се ослободиш од нив, на крај ќе станеш слободен.

6. Не се плаши од ништо

Стравот веќе не постои. Стресот го менува организмот. Од него настануваат болести. Секогаш биди спокоен. Барем обиди се да не го губиш својот мир. Само опушти се.
Прегледи:
731
Објавено на:
28.02.2020