Категории

Правилно нанесување на ајлајнерот според обликот на очите

Кога ќе успеете да го пронајдете најдобриот начин за нанесување ајлајнер, тогаш сте го завршиле најголемиот дел од шминката. Секоја жена знае колку е тешко да се нанесе овој производ, дури и кога само изгледа коректно и пристојно. Тоа се случува бидејќи е скоро невозможно да се нанесе еднаква количина на капаците, па многумина се откажуваат пред крај и завршуваат со многу сенка за очи и повеќе слоеви маскара.

Но, треба да заборавите на откажувањето бидејќи нанесувањето ајлајнер е чиста вежба и пракса, а тајната се крие во формата на вашите очи. Ова е водич за таа проблематика, бидејќи сега е вистинско време да научите како според обликот на вашите очи да нанесете совршена линија која уште повеќе ќе ја истакне вашата убавина.

1. Очи во облик на бадем

Искрено, луѓето со овој облик на очи имаат најголема среќа, бидејќи освен што убаво изгледаат, тие совршено се прилагодуваат на најразлични начини на шминкање. Истото важи и за нанесување на ајлајнерот, без разлика како ќе го нанесете тој ќе изгледа одлично, но сепак, класичните „мачкини очи“ ќе биде најдобриот и најубавиот избор за вас.

2. Длабоко поставени очи

Доколку вашите очи се длабоко поставени, тогаш не треба да нанесувате ајлајнер по целата должина на капакот. Најдобро би било да тргнете со сосема тенок слој кој започнува од средината на окото и да се движите кон надворешниот крај, каде што ќе ја здебелите линијата, без преголем волумен, бидејќи така окото ќе изгледа „позатворено“.

3. Очи без линија на капакот

Кога е во прашање овој облик на очи, најдобро е да исцртате што подебела линија за да биде малку повпечатлива. Слободно оставете ја линијата од ајлајнерот да биде подебела по целата своја должина, бидејќи на тој начин ќе го истакне окото.

4. Крупни очи

Доколку имате крупни очи, тоа е навистина голема среќа, бидејќи шминкерите константно пронаоѓаат начини со разни техники и вештини на шминкање визуелно да ги зголемат очите. Нема потреба премногу да се грижите за нанесување на ајлајнер, па затоа нанесете го во тенка линија по целата должина на капакот, без дополнително „свиткување“ кон веѓата, само нанесете го како своевидна контура на окото и тоа ќе биде сѐ што е потребно.

5. „Тажни“ очи

Бидејќи „тажните“ очи се спуштени надолу, односно, надворешниот агол им е навален, потребно е визуелно да ги подигнете. Нанесете ајлајнер по целата должина на капакот, но нека не биде во дебел слој кај внатрешниот агол за да остане отворен, а потоа кон надворешниот агол здебелувајте ја линијата и извлечете малку подебела „кука“ нагоре, што ќе го поништи впечатокот на спуштени очи.

6. Зближени очи

Кај ваквите очи потребно е да создадете илузија дека тие се малку пораздалечени отколку што се. Затоа со нанесувањето на ајлајнерот во дебела линија започнете од надвор, со кука која оди нагоре, а која во многу тенка линија завршува кај внатрешниот агол од окото. Освен тоа, едноставните „мачкини очи“ се добри за ваков облик, како и тоа секогаш во внатрешните агли да се нанесува светла сенка или ајлајнер.

7. Раздвоени очи

Кога се во прашање раздвоените очи, тогаш треба да создадете илузија на потполна симетричност. Тоа ќе го постигнете така што ајлајнерот во дебела или тенка линија ќе го нанесете по должината на целиот капак, со малку извиена кука или воопшто без неа, и нанесување на темна сенка или молив за очи на долната водена линија на окото.

Прегледи:
716
Ознаки:
·
Објавено на:
14.03.2017