Денеска (6 јули) Македонската православна црква го одбележува денот на Света Агрипина. Таа потекнуваше од Рим. Таму беше пораснала и уште многу млада целосно му се посвети на служење на Бога. Како христијанка беше мачена и пострада за време на владеењето на Валеријан (253-260).
По нејзината смрт три жени, некои христијанки Васа, Павла и Агатоникија го зедоа телото на маченичката и го однесоа на Сицилија, каде Бог даде преку моштите на света Агрипина да добијат исцелување многу луѓе што им приоѓаа со вера во нејзиниот небесен младоженец Христос.
Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.
Од гробот на оваа маченица сите болни кои доаѓале со верба добивале исцелување со светите молитви на светата маченичка.
Доколку на денешниот ден се помолите на оваа светителка и во црква и запалите свеќа, се верува дека нејзината чудесна моќ ќе им помогне на сите болни и ќе ги излечи.