Категории

Пред да му се вратите на поранешниот партнер, прочитајте го ова!

Верувале или не, половина од паровите кои раскинале повторно се враќаат заедно. И терапевтите не се против оваа идеја да се разгори стариот пламен, се додека двете страни се трудат за подобрувањето на врската и подеднакво вложуваат во неа.

Тие велат дека паровите кои раскинале или се разделиле на некој начин, можат повторно да се вратат заедно и тоа може да резултира со позитивен исход. Но пред да се одлучите на таквиот чекор тие ви даваат неколку совети дали навистина вреди да се враќате на вашата стара љубов.

Не се враќајте заедно поради погрешни причини
Ако сакате да му се вратите на вашиот поранешен партнер само заради тоа што се чувствувате осамено, тогаш тоа не е најдобрата причина. Доколку не поминувате доволно време сами со себе и ако сметате дека тоа е нешто кое не можете да го поднесете, тогаш бидете сигурни дека таа личност нема да направи никаква промена во тоа, вие ќе бидете со неа само за да не бидете сами а тоа е далеку од вистинската љубов и грижата за неа.

Не е доволно само тоа што си недостигате еден на друг
Доколку мислите дека работите ќе станат подобри само затоа што си недостигате еден на друг и мислите дека ќе бидете многу посреќни доколку се вратите повторно заедно се лажите. Потребно е многу повеќе од само носталгија. Причините кои беа тука првиот пат и направија да се разделите, сеуште ќе постојат, и доколку не вложите труд и внимание во нивно решевање верувајте дека ништо нема да се промени од првиот пат.

Во компромисот е клучот
Ако сте спремни да направите компромис околу нештата кои првиот пат беа причина да се разделите, и сте спремни да ги признаете своите грешки и да поработите на нив тогаш вие сте на вистинскиот пат. За смирувањето да се случи потребно е да поразговарате околу вашите грешки кои сте ги направиле преѕходниот пат и да признаете дека сте погрешиле, па така заедно ќе можете да работите тоа да пронајдете начин како да ги избегнете вториот пат и во вашата врска да владее слога и мир.