Категории

Пред да започнете со диета – Поставете си ги на себеси овие прашања

Пред да се одлучите дека треба да почнете да држите диета, би било добро да си ги поставите овие прашања на себеси па потоа да размислите дали тоа е вистинско решение.

1.Кои се моите мотиви?
Поради што сакате да ослабите? Ќе имате поголеми шанси за успех доколку го правите тоа поради себеси и своето здравје, отколку поради притисокот од семејството, колегите или поради тоа што некој од вашето опкружување е на диета.

2,Дали ова е вистинскиот момент?
Ако поминувате низ тежок и стресен период, големи животни промени, тогаш можеби би требало малку да причекате. Ако на пр. сте депресивни, тогаш пред да започнете со диета прво соочете се со тој проблем.

3.Дали си поставувам реални цели на себеси?
Ако мислите дека за една недела ќе ослабете три килограми, тогаш веројатно ќе се откажете на половина диета. Подобро размислете за опцијата половина килограм неделно со мало прилагодување на менито.

Прегледи:
693
Објавено на:
18.11.2020