Категории

Прекрасни фотографии од екстремно ретки бели лавчиња родени во засолниште

Засолништето во Франција неодамна стана дом на двее екстремно ретки бели лавчиња. Неодоливите мали снежни топки беа родени на крајот на јули 2019 година, а тежат околу 3 килограми. Им дале имиња по ликовите од „Кралот Лав“, Нала и Симба.


Она што е особено интресно во оваа приказна е фактот дека родителите на Нала и Симба биле спасени од циркус, а потоа донесени во засолништето каде што се запознале.

Белите лавови се наоѓаат на листата на екстремно загрозени видови, со само 11 индивидуи кои се останати во дивината во 2018 година. Иако е тешко да се предвиди колкав е бројот на овие лавови кои живеат во заложништво, извештаите предвидуваат дека има околу 300 ширум светот.