Категории

Прекрасни вечерни фустани во бохо стил

Иако овој модел на фустан е идеален за дневните варијанти, особено во текот на летните месеци сепак денес ќе ви покажеме дека бохо фустанот е апсолутно совршен избор и за софистицираните вечерни прилики.

70-те доминираат на модната сцена уште од претходната сезона, а лелеавите фустани украсени со богат вез и помпони ги заменија класичните флорални макси модели кои најмногу се носат кога температурата се качува над 30-от степен.

Овој фустан е идеален летен избор поради слободата на движење која ја нуди но и поради материјалите од кој се прави, а тоа се лен и памук, кои гарантираат удобност.

Инспирирајте се од стилот на бохо дивите Florence Welch, Mary Kate Olsen, кои непогрешливо го комбинираат овој тренди модел.

vecerni-boho-fustani-02

vecerni-boho-fustani-03

vecerni-boho-fustani-04

vecerni-boho-fustani-05

vecerni-boho-fustani-06

vecerni-boho-fustani-07

vecerni-boho-fustani-08

Прегледи:
969
Објавено на:
26.07.2016