Категории

Прекрасно писмо од еден сопруг за неговата уморна жена, која не работи за да се грижи за нивните две деца

Кејт Даглас, која не работи за да се грижи за своите два сина, го сподели прекрасниот текст кој нејзиниот сопруг го напиша за да ѝ покаже дека го цени она што таа го прави за семејството.

Писмото на Скот Даглас стана хит на социјалните мрежи. Во него, тој ја нарекува Кејт неверојатна и чудесна поради тоа што е на работно место без право на одмор, без бонус за прекувремената работа, без право на болнички денови, без слободни денови за државни празници… Тоа работно место подразбира таа да биде МАЈКА.

Еве го неговиот текст заедно со фотографија од синчињата:

Вчера имав тежок ден со моите две момчиња, а кога мојот сопруг пристигна дома, јас бев поразена. Тие победија. Излегов на неколку часа, а мојот сопруг го објави ова. Сите кралици треба да знаат дека се ценети.

„По тешкиот работен ден, нема ништо подобро од враќањето дома. Има денови во кои се враќам дома и ја гледам мојата убава сопруга изнемоштена, уморна, фрустрирана и надвладеана од предизвиците на мајчинството. За разлика од мене, таа нема пауза за да се одмори и не е наградена за прекувремената работа, нема ни бонус за дополнителната работа и трудот кој го вложува во текот на денот. Таа нема болнички денови или годишен одмор, не ги очекува државните празници за да ѝ се скрати работната седмица. Таа постојано се грижи за две момчиња, две момчиња кои никогаш не застануваат, кои го предизвикуваат секој аспект од мајчинството. Таа никогаш не побарала покачување на платата или друго работно место. Па, и покрај тоа што денешниот ден беше тежок и се чувствуваше неценета или несигурна дали направи разлика во нивните животи, вака течеше твојот ден…

Твоите синови се разбудија и станаа од своите удобни и топли кревети кои беа внимателно испрани и послани од тебе. Тие јадеа појадок кој беше организиран од пред една недела, кога ти ја подготвуваше листата за пазарување. Спакува еден од нив за да го пуштиш в градинка, прашувајќи се „дали е доволно здрав, дали ќе го најаде“ иако балансираше друго дете со твоите нозе, раце и рамена. Отиде в градинка и седеше таму еден час за да го утешиш, бидејќи тој имаше лош ден и за да му укажеш дека мама секогаш ќе биде покрај него.

Се врати дома каде го помина денот со твојот двегодишен син, разговарајќи и одвикнувајќи го од пелени, учејќи го како да го најде патот од мало детенце во големо дете. Го стави в кревет да преспие за да се увериш дека ќе има доволно енергија за да го помине денот иако знаеше дека ти немаш. Го помина твоето ограничено време за одмор во домашна работа, домашна работа и домашна работа. По сето ова и со многу мал одмор, ти отиде в градинка да го земеш синот, ги одведе на лекарски прегледи за да се увериш дека тие се доволно здрави. Откако им даде вечера, го започна првиот зрел разговор за време на вечерата. Истовремено беше и мајка и ги решаваше светските проблеми.

Па, кога ти гледаш на ова како на лош ден, јас гледам неверојатна жена која никогаш не боледува, не се откажува и не им го врти грбот на тешките денови и која има сила да си легне знаејќи дека истото ќе се повтори и утре. Ти си неверојатна и чудесна мајка. Иако не ти изгледа така, ти си најдоброто нешто во животот на овие момчиња и ние те сакаме поради сè што правиш.“

По објавувањето на писмото, Скот доби многу комплименти дека е неверојатен сопруг, а Кејт дека е неверојатна мајка.

02

Прегледи:
363
Објавено на:
25.10.2016