Категории

ПРЕТПРИЕМАЧИ ПРОДАВААТ СВЕЖ АВСТРАЛИСКИ ВОЗДУХ ВО КИНА

Џон Дикинсон и Тео Рујгрок се коосновачи на компанијата Green and Clean Air, основана во Австралија. Тие пакуваат чист воздух во лименки и го продаваат на луѓе чие здравје е влошено поради загадувањето во Азија.

Воздухот се „собира“ на познати австралиски места, како Сините планини, плажата Бонди, Тасманија и Златниот брег, а се продава за помалку од 20 австралиски долари по пакување. Исто така, може да се најде и свеж новозеландски воздух.

2

Двајцата претприемачи го собираат воздухот во лименки со технологија која ја нарекуваат „air farming“. Секоја лименка содржи околу 130 длабоки вдишувања.

„Користејќи ги највисоките стандарди при компресија и филтрација, ги полниме пакувањата директно на самата локација“, напишале основачите на веб страницата на производот. „Процесот на собирање се одвива со користење на сосема стерилна опрема, а контролата на квалитет која ја имаме е најдобра. На овој начин можеме да се осигураме дека го дишите истиот чист и незагаден воздух кои сме го зеле од таа локација“.

3

„Видот“ на воздух варира од локација до локација. На пример, воздухот од плажата има вкус на морски ветар, а планинскиот возух има влијание од еукалиптуси.

„Воздушното загадување е многу големо сега во Кина, затоа сите го сакаме чистиот воздух од Австралија“, вели Вивиан Жоу, која го купува воздухот од Австралија и го препродава во Кина.

Овој феномен не е единствен само за Австралија. Креативните претприемачи во планинските региони на Кина неодамна почнаа да продаваат пластични ќеси со воздух на луѓето кои живеат во урбаните градски населби. Во Канада, Vitality Air продава пакуван воздух од Алберта и езерото Луиз.

Извор: Mashable

Прегледи:
424
Објавено на:
03.05.2016