Категории

Претставено е првото куче кое може да го намириса корона вирусот

Не за џабе се вели дека кучето е најдобриот пријател на човекот – Австриската армија го воведе првото воено куче научено да открива корона вирус со мирисање на заштитната маска на заразените.

Во соопштението се наведува дека белгиски овчар по име Фантази Форевер од Зеталблик учествува во програма што треба да открие дали кучињата можат да разликуваат здрави и заразени луѓе.

Привремен извештај за програмата потврди дека кучето навистина може да ги препознае маските на заразените лица.

„Првата фаза на проверка на кучето преминува во практична фаза“, се вели во соопштението.

Второто куче во моментов ја завршува првата фаза, додека уште две кучиња ќе ја научат оваа вештина до крајот на годината. Проектот се очекува да заврши во првиот квартал од 2021 година, пред кој сите кучиња ќе поминат практични тестови на маските на заразените.

Министерството за одбрана сака да донесе заклучок дали е можно да се користат кучиња во реални услови, на пример на аеродромите.

Прегледи:
627
Објавено на:
09.01.2021