Категории

Причини поради кои никако не смеете да ја игнорирате жедта

Само кислородот му е попотребен на телото од водата која често ја занемаруваме при внесување на потребните материи во телото.

Хидратацијата на телото треба да се одржува со редовен внес на течности, околу чаша вода не почесто од секои 15 минути до половина час.

Рехидратацијата е процес која трае па на нашето тело мораме да му дадеме време течноста да ја прифати и искористи.

Дишењето, метаболизмот, варењето, преносот на хранливи материи и отстранувањето на отпадни материи, оптималниот притисок за регулирање на температурата се некои од телесните функции кои можат да се постигнат само со присутност на вода во организмот. Кислородот е понеопходен од водата за одржување на животот на сите организми.

Ако забележите дека долг период не сте внеле течност или дека устата ви е сува, вашите движења се спори и имате пад на концентрацијата и нагли умор, време е за рехидратација затоа што тоа се првите знаци на дехидрирање и треба да избегнете интензивно чувство на жед.

Кафето и алкохолните пијалаци имаат диуретско влијание па се препорачува да ги избегнувате во време на високи температури и зголемен интензитет или да ги сведете на најмала мерка.

Прегледи:
713
Објавено на:
22.12.2020