Категории

Пријатели со специјална врска: Девојче со ампутирана рака за Божиќ доби маче-инвалид

Двегодишно девојче со ампутирана рака за Божиќ доби маче со ампутиран екстремитет за да не се чувствува осамено. Семејството го посвоило мачето од засолниште за животни, а нивната ќеркичка веднаш се поврзала со него.

02

03

04

Малата Скарлет Типтон имала само 10 месеци кога ѝ била ампутирана левата рака поради редок вид на рак. Па, додека Скарлет го осознава светот, нејзиното семејство одлучило да ѝ покаже дека таа не е единствената со таков телесен недостаток.

 

05

06

07

08

На мајката на Скарлет, Симон, ѝ биле потребни 6 месеци за да пронајде маче кое поминало низ ампутација, но среќата ѝ се насмевнала непосредно пред Божиќ. „Сакавме мало маче со кое Скарлет ќе расте, па таа доби нешто што е исто како неа“ – рекла таа.

Мачето Холи ја изгубило предната десна нога како последица на сериозна повреда. „Скарлет беше многу возбудена, таа обожава мачки“ – рекла Симон. Малата Скарлет веднаш забележала дека мачето е исто како неа и на нејзин јазик ѝ го покажала тоа на мајка си.

„Таа сфаќа дека мачето води слична борба како неа“ – вели Симон.

09

11

12

13

https://www.youtube.com/watch?v=ATSP2NUG8ug

Прегледи:
961
Објавено на:
04.01.2016