Категории

Пријателствата од средно училиште имаат огромно влијание врз вашиот љубовен живот

Најновите истражувања откриваат

Се сеќавате ли на долгите телефонски разговори со вашата пријателка за кои главен виновник беше тоа зошто сеуште не сте ја пронашле вистинската љубов, но можеби всушност тоа е она кое подоцна ве научи како да функционирате во долгите врски.
До ова сознание дојде едно неодамнешно објавено истражување.

Се работи за истражување во кое биле проучувани адолесцентските односи со врсниците, и дошло до заклучок дека личностите кои имаат силни, блиски и платонски пријателства во добата од 13 до 18 години, подоцна ја пронаоѓаат љубовта. Конкретно, во добата помеѓу 27 и 30 години. Од друга страна, средношлоската љубов нема никаква врска со љубовната состојба подоцна.

„Романтичните односи во адолесцентската доба се најчесто краткотрајни и ако што се чини не придонесуваат во тоа тинејџерите да научат потребни вештини во иднина“, вели авторката на студијата Рејчел К. Нар, студентка на докторски студии во универзитетот во Вирџинија.

„Личностите кои во текот на најчувствителните години од растењето, во време кога хормоните „лудуваат“, успеваат да одржат пријателство, подоцна се повеќе способни да ги прифатат туѓите разлики, да работат на себес и благодарение на тоа, да одржуваат стабилни љубовни врски“.

Па, не ви преостанува ништо друго освен да и се заблагодарите на вашата најдобра пријателка што ве трпела сите овие години…