Секоја личност која имала миленик, особено куче, знае колку посебна врска се создава помеѓу животното и човекот. Животното станува ваш најдобар пријател и член на вашето семејство. Во некои случаи, пријателството станува уште посилно поради тешкотиите низ кои поминуваат со вас.
Неодамна, на страницата Humans of New York се сподели приказна за жена која ја загубила сестра си поради рак, и подоцна формирала уникатна врска со кучето на сестра ѝ, Џет.
„Бевме 18 месеци разлика. Џени понекогаш викаше дека се чувствува како јас да сум поголемата сестра, а таа помалата, иако беше обратно. Можеби тоа беше така бидејќи јас бев посамоуверена. Секогаш ја притискав да прави повеќе работи, особено откако се разболе. Низ последните неколку години, се чувствував како да беше моја обврска да ја направам среќна. Сакав да живее што е можно повеќе. Добив идеа да направиме листа со работи кои сака да ги направи, а таа си ги одбра работите. Дел од работите на листата беа јавање коњ, физичка преобразма, пливање на водопадите во Хаваи. Успеавме да ги направиме овие работи. На листата беше и одење во Тајланд, но никогаш не успеавме заедно да го направиме тоа. Можеби премногу ја притискав. Можеби ѝ требаше повеќе простор. Но, едноставно чувствував силна потреба да ѝ овозможам да ги искуси овие работи. Една од работите на листата беше да земе куче, но цело време го одолговлекуваше тоа. Никогаш не се чувствуваше како да е правото време. Но, откако стана јасно дека хемотерапијата не помага, јас и мајка ми одлучивме дека нема да чекаме повеќе. Џет дојде на два вечери како проба, и Џени се заљуби. Тој ја следеше насекаде. Веднаш се знаеше дека таа е неговиот омилен човек. Кога таа стана преболна за да се движи, тој стануваше од нејзиниот кревет само за да уринира, и ведмаш потоа се враќаше. Гледајќи наназад, требапе да знам дека крајот се приближува, но сепак бев запрепастена бидејќи се’ се случи пребрзо. Не можеше да зборува последните денови. Но, се сеќавам дека ѝ кажав дека ја сакам, и и таа ми кажа дека ме сака со тоа што ми ја притисна раката три пати. Ѝ ветив дека ќе појдеме во Тајланд и дека ќе се грижиме за Џет. Моравме да го заклучиме во задниот двор кога дојдоја да го земат телото. Лаеше цело време. Сакав да го внесам дома да се поздрави со неа, но ќе беше преболно за него. Сакав да ѝ го оставам на мајка ми, бидејќи ѝ беше потребен, но таа сакаше да го земам кај мене. Сега сме заедно веќе 2 години. Веројатно сум и преопсената со него. Не останувам доцна навечер надвор, за да не го оставам сам. Кога и да сум тажна или нерасположена, тој е секогаш тука. Се чувствувам како да сме многу поврзани. Двајцата ја имавме нашата безусловна љубов и лојалност кон Џени, и двајцата ја загубивме. Двајцата си ја загубивме нашата омилена личност.“
Подоле има топли слики од сестрите како помалечки, од нив како возрасни девојки и слики со кученцето Џет.