Нејзиното модно влијание не стивнува дури и по смртта. За стилот на принцезата Дајана секогаш се пишува и се зборува, особено поради филмовите и сериите кои се занимаваат со нејзиниот лик и дело во последните месеци.
Таа често промовираше британски дизајнери, а обожаваше облека со странски потписи, па затоа со задоволство носеше брендови како Versace и Moschino. Кога минатата недела на социјалните мрежи се појави првата фотографија на Кристен Стрјуарт во улогата на покојната принцеза Дијана, играна во претстојниот филм „Спенсер“, многу фанови на Лејди Ди беа привлечени од изборот на гардероба.
Кристен на фотографијата носи црвено гроздобер палто од модната куќа Chanel, и црн шешир со тул, а овој стајлинг е омаж на оној што го носеше принцезата Дајана на Божиќната миса во 1993 година, во време кога таа размислувала за развод од принцот Чарлс.
Кристен Стјуарт, која ја толкува улогата на Дијана во филмот во тој клучен период, е амбасадорка на модната куќа Chanel, па затоа не е изненадувачки што костимографот на филмот „побара“ во архивите на таа позната модна куќа за да најде црвен капут од тој период.
Сепак, обожавателите кои внимателно следат сè во врска со покојната принцеза, забележаа дека модната куќа Chanel е невообичаен избор од две причини – палтото на Дајана на мисата не беше Chanel, а таа имаше исклучително комплицирана врска со таа куќа од лични причини.
За сè е виновна љубомората
Иако и се допаѓаа моделите дизајнирани од легендарниот Карл Лагерфилд, логото не и се допаѓаше. Во снимените интервјуа што може да се слушнат во документарниот филм „Дијана: Со свои зборови“, кои се достапни на Нетфликс, Дијана, меѓу другото, се присети дека видела манжетна во форма на дупло C (кое е и логото на Chanel) на ракавите на нејзиниот сопруг Принцот Чарлс.
„Го прашав – Ти го доби тоа од Камила, нели? Тој одговори – Да, што е проблемот? Тоа е само подарок од пријателка. Ах, како се скаравме тогаш. Љубомора, чиста љубомора. И, тоа беше добра идеја, иницијалите на Чарлс и Камила, но не толку паметна“ – рекла Дијана.
Во испреплетените букви C, кои ги означуваат првите букви од името и презимето Коко Шанел, Камила и Чарлс ги препознаа првите букви од нивните имиња, но на Дијана тоа не и се допадна, и затоа и брендот Chanel и беше – одбивен.
Според британски Телеграф, неколкумина модни соработници на Дијана изјавиле дека Дијана рекла дека не сака да го носи логото Chanel.
– Тоа е Камила и Чарлс, знаеш? Еднаш му рече на својот стилист.
Меѓутоа, по некое време, кога на разводот му дојде крај, за време на една посета на Париз во 1997 година, Диана носеше долг црвен капут од куќата Chanel да им оддаде почит на француските дизајнери. Подоцна, таа носеше и пастелни комплети со лого што порано го кршеше нејзиното срце.