Категории

Прикријте ги здодевните акни без пудра за само 5 минути!

Доколку имате кожа која е склона на акни, сигурно не ви е лесно да најдете начин како да се ослободите од нив, бидејќи знаат да бидат многу упорни и здодевни.

Особено е непријатно ако ве чека некој важен настан на кој треба да присуствувате, а имате мозолче на средина на челото. За овој проблем постои многу едноставно и брзо решение. И не ви е потребна пудра, туку само коректор во истата нијанса со вашиот тен, а еве која е процедурата.

  • Најпрво исчистете ја кожата, а потоа на акните нанесете малку коректор.
  • Потрудете се на секое мозолче да нанесете коректор.
  • Коректорот нанесете го со четкичка, а не директно, за да не ги пренесете бактериите од мозолчето на останатиот дел од лицето.
  • Вториот чекор е со четкичката полека да го размачкате коректорот кон краевите на акната и на тој начин производот ќе се соедини со кожата.
  • Можете едноставно да го натапкате коректорот во кожата со чисти прсти. Тоа е важен чекор, бидејќи топлината на телото, односно прстите, помагаат кожата подобро да го впие производот и да изгледа совршено на кожата.

Секако, најдоброто решение е да се ослободите од акните засекогаш, меѓутоа додека не успеете во тоа, можете да ги сокриете без пудра за само 5 минути.

Прегледи:
611
Објавено на:
19.04.2018