Категории

Принцезата Дина Алјухани Абдулазиз е идната модна уредничка на арапскиот Vogue

Саудиската принцеза Алјухани Абдулазиз од есен оваа година ќе биде на чело на креативниот тим на арапскиот Vogue. Таа е дама со истенчен моден вкус и сопственичка на две концепт продавници D’NA во Доха и Ријад. Редовен гостин е на модните недели кои се одржуваат во светските метрополи каде бира модели кои потоа ги ангажира за својот бутик.

Image result for deena al juhani abdulaziz

Image result for deena al juhani abdulaziz

Модните стручни лица веќе со години го фалат нејзиниот стил, а исто така е прогласена за една од најдобро облечените жени. Со оглед на тоа дека таа е во постојан контакт со високата мода поради работата, ваквата одлука на главните луѓе од Vogue воопшто не е неочекувана.

Image result for deena al juhani abdulaziz  Image result for deena al juhani abdulaziz

Веруваме дека принцезата одлично ќе се снајде во новата позиција и останува да го почекаме првото издание на арапскиот Vogue кога ќе ја видиме и нејзината работа.

Image result for deena al juhani abdulaziz

Прегледи:
465
Ознаки:
· ·
Објавено на:
02.10.2016