Категории

Принцезите од Дизни добија своја долна облека и предизвикаа многу бурни реакции

Сите девојки понекогаш сакаат да се облечат како нивните омилени принцези од Дизни, но тука мислиме на облекување фустани, а не долна облека. Можете да ги замислите овие принцези соблечени по градник и гаќички? Очигледно сопствениците на продавницата за долна облека Yandy можеле, па креирале 6 секси комбинации инспирирани од ликовите на Дизни. Луѓето имаат поделени мислења во врска со ова.

Од Пепелашка, па сѐ до Снежана, вашите омилени принцези сега можете да ги видите во поинакво секси издание, облечени во чипкана долна облека со имиња од типот „Бессона фантазија“. Вистинско изненадување е тоа што костимите воопшто не се скапи и чинат помалку од 30 долари од парче.

Иако на некои луѓе не им пречи возрасниот пристап кон нивните хероини од детството, на други, пак, многу им е непријатно тоа што детските цртани филмови се претвораат во долна облека. Во продолжение погледнете ја секси верзијата на принцезите од Дизни…

Јасмин

 

Снежана

Покахонтас

Ариел

Елса

Бела

Пепелашка

Аурора

Лошата кралица

Прочитајте некои од негативните реакции на луѓето за оваа линија на долна облека:

„Уште тоа ни недостасуваше! Уште повеќе да ги сексуализираме ликовите од цртаните филмови!“

„Ако веќе сакате да креирате долна облека инспирирана од принцезите од Дизни, барем нека не биде толку секси… Би требало да биде слатка и симпатична, а не вулгарна.“

„Доста ми е од тоа да ги гледам Дизни принцезите во секси издание… Костимите за капење беа кич, но ова е ужасно. Детството треба да остане чисто и невино.“

Но, некои луѓе не ја сфаќаат толку трагично ваквата долна облека…

„Луѓето претеруваат со нивните реакции… Кај биле минатите којзнае колку години? Веројатно никогаш не ги виделе Дизни костимите за возрасни…“

„Не разбирам зошто луѓето се чувствуваат навредени ако некој си носи долна облека инспирирана од Дизни цртаните по дома, а не им пречат истите секси Дизни костими што се носат на секој маскенбал…“

„Жал ми е за мажите ако луѓето вака реагираат на долна облека. Кому му е гајле што прават и носат двајца партнери во спалната соба сѐ додека и на двајцата им се допаѓа и не е нелегално. Слободно откачете се, носете што сакате и забавувајте се!“

„Смешно ми е тоа што луѓето се вознемируваат поради оваа долна облека. Сакаат да им ја купат на нивните ќерки? Истите жени што се бунат, се облекуваат како разголени Дизни принцези за маскенбал.“

Какво е вашето мислење на оваа тема? Дали би носеле долна облека инспирирана од вашата омилена принцеза или мислите дека тоа е претерано?

Прегледи:
522
Објавено на:
09.04.2017