На свет пристигна уште едно кралско бебе. Во понеделник наутро Меган Маркл и Хари станаа горди родители на момче тешко 3.26 килограми.
-Толку сум горд на својата сопруга. Двајцата сме пресреќни. Било неверојатно, апосултно чудесно. Возбуден сум што можам да објавам дека јас и Меган утрово станавме родители на мало момче, многу здраво- изјави Хари додавајќи дека името ќе биде откриено подоцна.
-Благодарни сме за подршката и љубовта кои ни ги покажавте. Породувањето малку доцнеше, па имавме доволно време да размислиме за името. До сега не сум бил присутен на многу пораѓаји, всушност овој е прв. Секој татко и родител ќе каже дека чувството е неверојатно, но за ова мало суштество сум подготвен и да умрам. Се чувствувам како да сум на месечината- истакна пресреќниот Хари.