Категории

Принцот Хари „ја искара“ Меган на официјалниот настан по повод Британскат армија

Секој јуни една сабота е посветена на официјалниот роденден на Кралицата, а воедно се одржува и манифестацијата позната како Trooping the Colour, која е во чест на армијата.

Имено, церемонијата се содржи од марш на војската, а се одржува во Horse Guards Parade во паркот St James’s.

Интересен момент беше забележан од камерата, а веднаш беше пренесен низ британските медиуми. Момент кога Меган се врти накај својот сопруг и врти грб на јавноста, што е проследено од коментар на Хари и нејзино инстантно вртење напред.

Овој момент ги заинтригира оговарачите, па експерт за читање од усни ја „откри тајната“.

„Тurn around“ или „сврти се напред“ е магичниот збор кој и го рекол Хари на Меган, па медиумите се пошегуваа дека Хари ја искарал својата сопруга. Сепак, за време на свирењето на државната химна задолжително е однесување кое оддава почит.

 

 

Прегледи:
433
Објавено на:
14.06.2019