Категории

Професионален фотограф открива: 6 трикови со чија помош секогаш ќе изгледате убаво на фотографиите

Лесно е да испаднете убаво на „селфи“ фотографиите, но кога ве слика некој друг ретко кога си се допаѓате?

Тогаш не можете да видите како изледате на камера и немате неколку обиди. Еден професионален фотограф открива кои се триковите со чија помош секогаш ќе изгледате убаво на фотографиите.

Покажете ја левата страна на лицето

Не знаете која е вашата поубава страна? Францускиот моден фотограф вели дека од неговото искуство, но и според некои истражувања, кај повеќето луѓе левата страна од лицето е поубава. Вежбајте пред огледало за да го пронајдете својот најубав агол.

Ставете го јазикот под горните заби

Вашата насмевка на фотографијата ќе изгледа најприродно доколку го позиционирате јазикот под горните заби додека и се смеете на камерата. Исто така, не заборавајте да се смеете и со очите, инаку вашата насмевка ќе изгледа лажно.

Обидете се да се опуштите

Колку повеќе размислувате за тоа како ќе испаднете на фотографијата, толку се поголеми шансите да не си се допаднете. Обидете се да се опуштите колку што е возможно, а трикот кој ќе ви помогне во тоа е да ги зтворите очите и отворете ги момент пред фотографирањето, и обидете се да се насмевнете што поприродно.

Додека седите, фотографирајте се од горниот агол

Доколку некој реши да ве фотографира додека седите, замолете го да ве слика од горниот агол. Притоа, нежно подигнете ја главата кон објективот, доколку сакате да изгледате послаби, навалете се малку нанапред.

Додека стоите, фотографирајте се од долниот агол

Доколку сакате да изгледате повисоки и послаби на фотографиите на кои се гледате од глава до пети, замолете некој да ве фотографира од долниот агол. Вашите нозе на тој начин ќе изгледаат фантастично.

Навалете ја главата странично

Ако гледате директно во камера, тогаш главата навалете ја на една страна за да им дадете на цртите на вашето лице дополнителна длабочина.

Прегледи:
580
Објавено на:
15.05.2018