Категории

ПРОМЕНЕТЕ ГО НАЧИНОТ НА ЖИВОТ И ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД ШТЕТНИТЕ НАВИКИ НА 9 МАРТ – ЕВЕ КАКО!

Сончевото затемнување ќе започне во Хороскопскиот знак Риби во 1:19 часот. Во 2016 година ќе има две сончеви и три Месечни еклипси. Првото од оваа листа ќе биде целосно затемнување на 9 март 2016 година.

За жал тоа нема да може да се забележи од територијата на Македонија, бидејќи тогаш над нашите географски широчини ќе царува ноќта. Од гледна точка на астрологијата Рибите симболизираат секој да може да го почувствува во себе божественото присуство и ќе му дадат можност на секој човек да го допре до своето длабоко Јас. За таа цел е потребно само да се пробуди интуиција и потсвеста кај поединецот.

Рибите се еден од најтаинствените хороскопски знаци, знакот Риби се наоѓа под управа на планетата Нептун, која е одговорна за интуиција, уметноста, верските чувства и тајните. Во знакот Риби затемнувањето носи многу емоционален карактер.

Знакот Риби внесува елемент на хаотичност, мистерија, нејасност и неопределеност, а во исто време се поврзува со емоциите и здравјето.

Во ова време може да го промените начинот на живот, да ги коригирате штетните навики и лошата исхрана. Најсилно врз себе ќе го почувствуваат влијанието на затемнувањето претставниците на знаците – Риби, Близнаци, Стрелци и Девици.

За нив е препорачливо да поставуваат пред себе нови цели и да градат планови за нивно остварување. За бранот на оваа моќна вселенска енергија да ги постави работите во ваша корист потребно е трпение и работливост.

Прегледи:
448
Објавено на:
05.03.2016