Категории

Пронајден е викиншки брод во кој веројатно бил погребан крал

За Викинзите бродовите биле симбол на моќ и статус и неретко на нив биле погребувани големите кралеви.

Во новот време, со помош на бројни историски записи и археолошки докази имаме можност да дознаеме многу за добата на Викинзите – периодот на скандинавската историја кој траел од 8 до 11 век.

Спротивно од митовите кои сите Викинзи ги прикажуваат како бестрашни воини, голем дел од Викинзите биле земјоделци, дури и оние кои учествувале во нападите на западна Европа, или како трговци морепловци. После секое ограбување или војна, тие се враќале на своите фарми и продолжувале со својот мирен живот.
Вистина е дека некои Викинзи биле класични пирати кои ги напуштале своите бродови само кога ограбувале и палеле села. И баш тие бродови за нив биле симбол на моќ и статус.

Во прилог на тоа, се зборува за откритие на норвешките археолози кои се наеваат дека во декември ќе го завршат ископувањето на стариот викиншки брод во местото Ѓелестад, древно археолошко наоѓалиште југоисточно од Осло.
Се работи за прво такво археолошко ископување во Норвешка во последните сто години.

Иако веќе поголемиот дел од пронајдениот брод е веќе изгниен, археологот Кнут Пасхе, верува дека ќе успее да ја склопи целата конструкција.
Со помош на радар било востановено дека бродот е долг околу 19 метри и широк 5 метри, што го сместува во рангот на добро сочувани викиншки бродови.

Воениот брод бил пронајден на Ѓелестад, и датира од предисторискиот период на Викинзите – 750 до 850 година од новата ера, истакнува археолог од норвешкиот институт за истражување на културното богатство.

„Сеуште не знаеме дали овој брод бил весла или едрењак. Пресудно ќе биде проучувањето на кобилицата на бродот која е најдолга. Покрај брегот е тешко да се користат едра, ветрот слабо се менува, па Викинзите често биле присилени да користат весла“ – вели норвешкиот археолог.

Ѓелестад иначе се големи древни гробишта на Викинзите со 20 гробови и тумба Џел Моунд која датира од римско доба. Споменатата тумба, втора по големина во Норвешка е оддалечена стотина метри од местото каде е пронајден бродот, кој е всушност како што се претпоставува, гроб на некој племенски поглавар. Археологот Родсруд изјави дека бродот очигледно може да се поврзи со старите гробови затоа што на Викинзите им било важно да се поврзат со своето минато.

„Бродскиот погреб бил достоен за кралевите, кралиците или некои заслужни војници. За разлика од овој, помеѓу Викинзите биле практикувани поскромни бродски погреби.“