Категории

Пронајдени фосилизирани јајца од диносаурус стари 80 милиони години

Се работи за ретко виден археолошки објект кој е од огромно значење за иднината на науката и истражувачките проекти.

Фосилизирани јајца од диносаурус стари 80 милиони години се пронајдени во кинеската провинција Жејианг. Археолозите пронашле 15 фосили во местото Гуанинтанг.

Истиот извор јавува дека неколку јајца се пронајдени поединечно, а некои во групи. Сите се доставено до експертскиот тим на Градскиот музеј во Џива поради понатамошна анализа.

Претставникот и историчар на музејот Жејианг – Ду Тианминг изјави дека преелиминарните анализи откриваат дека се работи за фосили стари 80 милиони години.

„Станува збор за ретко видено археолошко откритие кое е доста значајно за иднината на науката и истражувањето“ – вели Ду.

На истото место во овој археолошки парк во селото Гуанинтанг и претходно биле пронајдени траги од диносауриси. Најстарите фосили од оваа изумрена врста се пронајдени во провинцијата Хебеи и се работи за фосили стари 130 милиони години.

Прегледи:
785
Објавено на:
03.11.2020