Категории

Пронајдено најстарото шише вино на светот – И тоа на најнеобично место

Правењето колекција на вина е едно од најскапите хобија. Сериозни и доста богати колекционери ги бараат најретките шишиња вина на светот, и тоа најчесто не за да ја конзумираат нивната содржина, туку само за да ги имаат на својата полица.

Голем дел од вината добиваат на вредност со изминувањето на времето, воглавно затоа што луѓето мислат дека нивниот вкус станува поинтензивен затоа што се стари. Во светот денес постојат доста скапи и стари шишиња вино, но ниедно од нив не е старо како виното т.н. Шпајер шише, за кое се проценува дека било направено пред речиси 1,700 години.

Ова шише го доби името по градот Шпајер, кој се наоѓа во денешна Германија. Тим од археолозите на таа локација во 1867 година ископа гробница на починат брачен пар од доба на антички Рим. Заедно со другите работи како што се сандаците на сопружниците, тие пронашле и шест садови во женската гробница и уште десет во машката. Верувале или не, во едната е пронајдено шише кое во себе имало течност.

Жолтеникавото зелено стаклено шише со мали дршки во облик на делфин било наполнето со бистра тешност и како што изгледа, смола. Шишето било затворено со восочен чеш, а стручњаците сметаат дека внатре било складирано маслиново масло,кое би требало со создавањето на вакум да го оневозможи влегувањето на воздух и испарувањето на течноста. Ова масло во меѓувреме се претворило во смола.

Научниците веруваат дека течноста внатре во шишето е мешавина од вино и зачински масла, што било обичај во тоа време. Римјаните наводно се вљубиле во виното затоа што овој напиток бил омилен помеѓу старите Грци, па затоа ги охрабрувале луѓето да одгледуваат винова лоза на сите делови од царството.

Шпајер шишето вино сега се наоѓа во историскиот музеј Фалц. Она што и понатаму ги изненадува историчарите е фактот дека тоа и понатаму е во добра состојба, бидејќи римското стајло било познато по својот квалитет и способност да трае долго.

Од кога е пронајдено ова вино, луѓето ги интересира каков вкус има. Бидејќи шишето сеуште не е отворено, тоа е тешко да се процени. Стручњаците сметаат дека тоа сигурно не е алкохолен пијалак и дека постои и можност течноста денес да е отровна.  А нема ни многу доброволци кои би го пробале.

Иако голем дел од вљубениците во овој алкохолен напиток се подготвени да конзумираат вино старо сто години, веруваме дека ова од пред 1,700 години би го прескокнале.