Категории

Пронајдете некој кој ја гледа болката позади вашата насмевка и останува кога има право да замине

Во свет што може да биде суров, посакувам да ги пронајдете луѓето што ќе направат да се чувствувате како да не сте сами. 

Се надевам дека ќе ги пронајдете насмеаните луѓе кои можат да ја видат болката позади вашата насмевка, оние што знаат што стои зад вашата тишина и оние кои ќе ја видат љубовта низ вашиот гнев. Оние кои ќе ве разберат и ќе ви простат кога сте биле бледа претстава на себеси. Оние кои остануваат кога очекувате да заминат. Се надевам дека ќе се опкружите со вистинските луѓе. Не оние кои се тука само кога сè е сјајно, туку оние кои остануваат кога сте толку уништени што дури не можете да ја изнесете вашата болка со зборови. Се надевам дека ќе ги пронајдете луѓето кои прават да се чувствувате сакани кога се чувствувате несакани. Оние кои никогаш нема да ве натераат да се сомневате во вашата самодоверба. Оние со кои можете да бидете искрени и кои ќе бидат искрени пред вас. Се надевам дека ќе ги пронајдете оние што ќе ви ги урнат sидовите, но сепак ќе останат откако ќе ги видат лузните на вашата душа.

Оние кои ќе ви дадат силна љубов кога ќе бидете надвор од границата. Оние што ќе ве уверат дека сè ќе биде во ред кога сè што гледате е темнина. Оние кои ќе се смеат со вас додека не ве болат образите. И оние кои ќе ве прегрнат наместо да судат кога плачете, бидејќи на тој конкретен ден не можете повеќе да го држите заедно. Се надевам дека ќе ги пронајдете луѓето кои никогаш нема да направат да се чувствувате како вашата љубов да е преголема и луѓето кои ве прават приоритет дури и кога тоа не е погодно. Во свет што може да биде суров, посакувам да ги пронајдете луѓето што ќе направат да се чувствувате како да не сте сами. Верувајте ми кога велам дека дури и да се чувствувате како остров во моментов, не сте сами – само треба да ги најдете своите луѓе.

Прегледи:
513
Објавено на:
12.05.2021