Категории

Проверете дали сте романтична душа

 Можеби некоја од вас нема да верува, но и денес постојат луѓе кои се непоправливи романтичари.

Затоа продолжете да читате и откријте дали еден таков громатичар лежи и во вас.

1. Верувате во судбина

Најсимпатичното момче кое го видовте пие исто кафе во вашето омилено кафуле.

Од сите кафулиња на светот, колкави се шансите дека тој е баш тука?

Тоа мора нешто да значи, нели?

2. Верувате дека за секој постои вистинскиот

Уверена сте дека во животот само еднаш се љуби. Исто така верувате дека е прашање на време кога ќе налетате на вашата сродна душа.

3. Верувате дека љубовта е вредна за чекање

Нема потреба да дообјаснуваме, нели? ?

4. Верувате во големите гестови

Големите гестови за вас се ултимативен доказ за вистинска љубов.

Нема ништо подобро од букет со 101 ружа кои ве чекаат на работното место.

5. Вие сте подвижна романтична енциклопедија

Без разлика дали се тоа песни, поезија или романтични филмови, нема нешто што не ви е познато. А ако подобро размислите, вашата идеална љубовна приказна изгледа како сценарио од вашиот омилен филм кој постојано ви ја враќа вербата во љубовта.

Прегледи:
506
Објавено на:
28.07.2016