Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (02 – 08 ЈУЛИ )

Овен

Овен

Во текот на оваа недела ќе преовладуваат измешани чувства кај вас. Еден ден едвај ќе чекате да го видите партнерот, а веќе наредниот ќе ви оди на нерви. Пробајте да ги избалансирате работите и опуштете се. Во последно време не внимававте на храната која ја конзумирате, па почнувајќи од денес можете да се погрижите за тој проблем. Не прескокнувајте го појадокот! Тоа е најважниот оброк во денот.

 

Бик

 

 

 

 

 

Бик

Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа. Среда и четврток се поволни денови за забава и рекреација. Искористете ги најдобро што можете.

 

Близнаци

 

 

 

 

 

Близнаци

Работите на професионално поле полека се подобруваат. Во вторник можеби ќе имате можност да почеток на некој нов проект, но добро размислете дали ќе можете да го реализирате до крај. За време на викендот релаксирајте се дома гледајќи некој филм, време е да направите пауза од вечерните излегувања. Во недела, очекувајте подобрување на односот со вашиот партнер.

 

Рак

 

 

 

 

 

Рак

Прилично добро се снаоѓате со финансиитем, што е многу добар знак, бидејќи ќе имате можност да ѝ докажете на околината колку можете и знаете. Приликата напредување на професионално поле ќе ја имате токму на почетокот на оваа недела. Среда, како ваш среќен ден, ќе ви донесе позитивни мисли во врска со иднината.

 

 

1 2 3

Прегледи:
902
Објавено на:
01.07.2018