Стрелец
Резултатите од вашиот напор полека ќе излезат на виделина, но треба уште многу да се направи. Сепак, ќе постои задоволство и напредок во вашиот професионален живот. Оние чија работа е поврзана со менаџмент и водење на вработените, ќе бидат пофалени. Започнуваат квалитетни љубовни денови. Доколку постојат мали проблеми меѓу вас и партнерот, преку разговор ќе успеете да ги решите.
Среќен ден: Недела
Јарец
Можно е овие денови да воспоставите или обновите деловни контакти со луѓе што работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе профит и ќе ви ги прошири хоризонтите. Иако емотивно нема да се чувствувате исполнето, барем не онака како што би сакале, вашиот позитивен став ќе ви донесе некои љубовни поени. Партнерот ќе го цени тоа и ќе ја разбере вашата привремена незаинтересираност за љубов. Бидете трпеливи и тактични.
Среќен ден: Среда
Водолија
И понатаму високо ќе целите, а околностите и луѓето ќе ви помагаат да го остварите посакуваното. Помали проблеми можат да се јават поради одредени нешта од минатото. Обидете се проблемите да ги решите на мирен начин, за да продолжите понатаму без непотребно оптеретување. Влегувате во понеповолна фаза во која ќе пропуштите неколку шанси. Тоа е така бидејќи се потешко наоѓате заеднички јазик со припадниците на спротивниот пол.
Среќен ден: Понеделник
Риби
Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму постои можноста за провокации, па и конфликти кои нема да ви тргнат од рака. Затоа, не се залетувајте. Бидете трпеливи и негувајте го она што го имате. Дел од вас конечно ќе успеат да го отворат своето срце, ослободувајќи се од препреките или фрустрациите кои ве кочат. Тоа ќе биде голем чекор напред во вашите лични односи.
Среќен ден: Четврток