Лав
Љубовните недоразбирања ги прифаќате како минлива фаза, се се сведува на нови поттици или на добар импулс кој води кон емотивно зближување. Потпрете се на своите „скриени адути“ на заводничкиот шарм кој го поседувате.
Среќен ден: Недела
Девица
Се однесувате многу амбициозно и се обидувате да ги процените завршите резултати во сите значајни случувања на професионалната сцена. На соработниците им е важно да го слушнат вашето мислење, но употребете ги своите професионални манири и дискреција, бидејќи постојат работи за кои не треба јавно да се расправа и зборува.
Среќен ден: Понеделник
Вага
Важно е да се определите за современа варијанта која овозможува напредување на професионалната сцена. Потрудете се да го сочувате добриот однос и довербата. Се што има „љубовен предзнак“ го привлекува вашето внимание и интересирање. Доживувате нова блискост во односот со саканата личност, па така на основа на вашата емотивна состојба значајно се менува и вашиот поглед на свет.
Среќен ден: Сабота
Скорпија
Преокупирани сте со размислување за нови професионални-работни планови или за натрупаните обврски кои ве пратат. За жал, не можете да се пофалите со добра комуникација во кругот на службените партнери. Понекогаш мора да преземате соодветен работен ризик во согласност со дадената ситуација и предизвик. Потребно е да се определите за корисни цели, кои ќе ви овозможат подобри професионални услови.
Среќен ден: Вторник